Што треба да направите со паричката од Бадник?

реклама

Традиционално во бадниковата погача се умесува и паричка, а се верува дека на лицетo кое ќе ја пронајде во своето парче, ќе му донесе здравје, среќа и богатство во текот на целата година. Секако, доколку тоа лице не го прекрши правилото.
Многумина од нас оваа паричка ја носат со себе како амајлија во текот на целата година, меѓутоа најправилно би било паричката да се стави на икона или покрај неа и да се чува до следниот Божиќ.
реклама
Доколку некој ја пронајде оваа паричка, а не сака да ја задржи, може да ја „продаде“ на некој друг на кого му ја остапува својата среќа, но тоа што никако не би смеело да се направи е да се купува со истата или да се поклони некому.
Се подразбира и дека никако не треба да се фрли или изгуби.
реклама
Понекогаш се случува никој да не ја пронајде парата, и таа да остане во последното парче кое е наменето за „куќата“, а тоа означува најдобра варијанта бидејќи сите во куќата ќе имаат здравје, среќа и благосостојба во текот на целата година.
реклама

Извор