Одговорот на ова прашање го пронајде порталот Buzzfeed, кој што разговарал со неколку личности – далтонисти, кои споделиле сопствени искуства.
Далтонизмот е вообичаен израз за пореметување на препознавање на бои. Прв го опишал англискиот хемичар Џон Далтон, кој и самиот имал пробелм со препознавање на боите. Болеста која ја открил на почетокот на 19 век упатувала на недостаток на рецептори на сина, црвена и зелена боја.
На мрежата на очите се наоѓаат нервни завршетоци – фоторецептори за три основни бранови должини на светлост и ги делат различни канали кои одговараат на црвена, зелена и сина боја.
Кај личноста која не распознава бои, постои пореметување во рецепторите – одвојувањето не се одвива правилно и тие затоа не препознаваат бои или заменуваат една со друга боја. Некои луѓе не разликуваат нијанси, некои не препознаваат разлика меѓу темно и светло сината, темно и светло зелената…
Во светот живеат околу 8 % мажи и 0,5 % жени со ова пореметување. Луѓето кои живеат на овој начин, трпат последици во сите области од животот и не можат да работат во повеќе од 150 различни професии.
Оваа анатомија е наследна и постои уште по раѓањето. Се пренесува од родителите на потомството, како и други наследни особини кои ги одредуваат брановитите карактеристики на човекот. Многу ретко далтонизмот може да биде последица на оштетување на очните нерви или межичките во окото.
Здравите луѓе разликуваат 2.000 бои, а далтонистите многу помалку.
Кај мажите пореметувањето е 16 пати почесто отколку кај жените, што го објаснува начинот на наследување.
Со оглед на тоа што пореметувањето се пренесува преку „Икс“ хромозомите мажите секогаш имаат далтонизам, ако наследат дефектен X хромозом, за разлика од жените кај кои се појавува далтонизам само доколку се двата X хромозоми дефектни.