Што сонуваат мажите, а што жените?

Германски научници спроведоа истражување за разликата помеѓу соништата на мажите и жените во период меѓу 1956 до 2000 година.

Во истражувањето учествувале неколку илјади луѓе од Германија. Резултатите покажуваат дека мажите сонуваат почесто секс, работа и физичка агресија, додека понежниот пол сонуваат повеќе семејството работи од секојдневниот живот или облека.

Податоците беа официјално претставени од страна на раководителот на проектот д-р Михаил Шредал, професор во Институтот за ментално здравје во Минхен.

Во машките соништа почесто се појавуваат непознати лица, а кај жените се карактеристични пријателите и роднините.

Заклучоците на научниците, се објавени во списанието “Psychologie heute”, а истите покажуваат дека еманципацијата на понежниот пол не влијаела на соништата во  периодот на истражувањето.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

- Реклама -