Еленско и телешко месо, црн тартуф – ова се само дел од ѕвездените состојки на новиот најскап хамбургер во светот.
Тој беше претставен од лондонскиот ресторан Honky Tonk.
Наречен glamburger, сендвичот ќе ве чини 1100 фунти.
Со него се служи и канадски јастог во ирански шафран. Освен тоа тој е полнет со јаворов сируп со сланина, кавијар од белуга и јајце од патка, кое е завиткано во злато. Тортиљите на плескавица се зачинети со јапонски чај матча.
Кон плескавица има и два соса – од павлака и мајонез и од манго, шампањ и бела тартуфа. За изготвување на јадењето готвачот Крис Ларџ одвои три недели, во кои експериментирал со различни состави и состојки, со цел да го добие совршениот вкус.