Што се случува во главите на мажите

Повеќе... Сликите на топлес моделите во магазините се виновни за тоа што мажите ги гледаат жените како објекти, покажаа истражувањата.


pixel2.jpgСликите на топлес моделите во магазините се виновни за тоа што мажите ги гледаат жените како објекти, покажаа истражувањата.

Кога на мажите им биле покажани слики од жени во бикини, се осветлил делот од мозокот кој се активира кога мажите користат алатки, гледаат во прибор за работа и други објекти. Од друга страна, делот на мозокот задолжен за разбирање на мислите и чувствата на другите се исклучува.

Според истражувачката Susan Fiske „Единствен друг случај кога  овие делови на мозокот се активираа/исклучуваа беше кога луѓето гледаа слики од бездомници или зависници од дрога бидејќи тогаш тие не сакаат да размислуваат што навистина се случува во нивните глави“.

Нејзините екперименти открија исто така, што не е за изненадување, дека мажите подобро памтат слики од полуразголени девојки отколку од оние што се комплетно облечени. Како краен заклучок, ова истражување покажа дека сликите со топлес модели водат кон тоа мажите да ги гледаат жените како помалку како луѓе, а повеќе како објекти.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Според Професорката Fiske, од Принстон универзитетот во САД, ваквиот ефект може да има влијание на работното место, каде календарите со разголени девојки водат кон тоа мажите да ги сексуализираат нивните колешки: „Не велам дека треба да има цензура, но луѓето треба да знаат какви се асоцијациите во нивните глави.“

На прашањето дали и жените ги гледаат полуголите мажи на ист начин, таа одговори дека жените повеќе обрнуваат внимание на годините и сметката во банка наместо на изгледот. [Sex objects: Pictures shift men’s view of women]

- Реклама -