Што се случува кога на модерни деца ќе им дадеш стар телефон?

Се сеќавате на стариот ротирачки телефон? Е па, овие деца воопшто не го паметат.

 

The Fine Brothers направија еден интересен експеримент. Во епизодата Rotary Phones на Kids React, тие седнаа неколку модерни деца и им дадоа стар телефон. Резултатите, како што може да се претпостави, беа во најмала рака забавни.

На пример, сите деца знаеја дека тоа е стар телефон, но не знаеја дека пред се треба да ја кренат слушалката па да го завртат бројот. Исто така, не знаеја што значат сигналите што ги слушаат, особено оној за „зафатено“. Едно од децата праша: Дали тоа значи дека тие што ги бараме притиснале копче за да не можеме да им се јавиме? Друго праша: Дали тоа значи дека имам порака? Не баш, деца, не баш… Подоцна во видеото, децата залудно се обидуваа да пратат СМС. Преслатко.

Се согласуваме со вас ако помисливте дека децава претерано глумат. Ама ако мислите дека резултатите би биле поинакви, можете да го пробате ова со првото дете што ќе ви налета (ако го немате). Никогаш многу од детски реакции.

- Реклама -