На едни бразилски туристи засекогаш ќе им остане како спомен снимка направена од мајмун кој на кратко им „ја позајмил“ камерата.
Аилтон Шембергер од Бразил талкал низ индонезискиот остров Бали, кога забележал како во близина стои еден мајмун. Сакајќи да го овековечи моментот во кој тој му подава храна, ја уклучил камерата, не забележувајќи дека во истиот момент еден мајмун се прикрал од другата страна, по што ја грабнал камерата и побегнал во шумата.
Еден од работниците на храмот кој се наоѓал во близина, го забележал животинчето, по што му дал овошје, и по извесно време успеал да му го земе и апаратот.