Што се случува кога ќе соберете 10 инжинери на Apple во кујната?

 Што добивате кога ќе соберете 10 поранешни инжинери на Apple во една кујна?

Шпорет, опремен со интерефејс како на iPhone и со вградена камера која ви помага да го оптимизирате готвењето. Ко-основачите Мет Ван Хорн и Никхил Богал го создаваат June, компјутеризиран шпорет, кој “мисли” како готвач.

Печаката која чини 1 495 долари, користи сензори за да препознава каква храна се подготвува и да дава инструкции како да се зготви најдобро. Не треба да го загревате шпоретот однапред, а најдобро од сè е тоа што постои апликација за паметен телефон која ви праќа известување кога храната е подготвена.

1

Пред година и пол Ван Хорн ја напушта работата во стартап компанијата Path и почнува да работи на концептот. June е претставена официјално пред околу еден месец, иако понудата ќе почне дури следната година.

„Производот ја има внатрешноста на телефон или на таблет од горната класа”, вели Богал, кој работел во првата генерација на Apple iPhone.

„Во пракса, тоа е компјутер кој готви.”

Ван Хорн го ангажирал Роберт Брунер, за да го направи дизајнот на рерната. Брунер е еден од основачите на дизајнот на PowerBook на Apple. Тој има сопствена фирма за дизајн – Ammunition, која стои зад познати производи како Beats by Dre, Square и редизајнот на Polaroid.

3

„Сакавме да направиме убава печка, па се фокусиравме на секој аспект, секој детал и секоја функционалност”, вели Брунер.

June нема за цел да го замени шпоретот. Таа стои на готварската плотна и нема капацитет да готви посериозни јадења. Во проектот во моментов се вклучени 23-а вработени кои работат од куќа во еден од најскапите квартови во Сан Франциско.

- Реклама -