Што се случи со македонците кои пронајдоа љубов на реални – шоуа?

Речиси ниту еден љубовен пар кој настана во ријалити програма не успеа во реалниот живот на долга стаза.

Љубовните парови на естрадата отсекогаш привлекувале големо внимание во медиумите, а особено оние кои настанале во рамки на разни ријалити програми.

Учесниците на „Фарма“, „Големиот брат“, „Идол“ и други емисии одлично знаат дека љубовните приказни поминуваат кај публиката, па радо се впуштаат во вакви авантури.

Некои романси траат додека трае шоуто, а некои остануваат и надвор од него. Сепак, ретки се оние љубови кои  започнале пред камерите  и продолжиле зад објективот.

Започнуваме со една успешна приказна

Јана и Виктор

1186749_10151934117285429_852324738_n

Јана и Виктор ја започнаа својата романса за време на првиот „Македонски идол“, каде победата ја понесе Иван Раденов. Двајцата сепак,  ја понесоа својата најголема победа започнувајќи љубовна врска, која продолжи во текот на сиве овие години.

Тие за време на шоуто се криеа од јавноста иако за нив постоеа бројни шпекулации, но сега може да се видат насекаде низ градов како блескаат во љубовен занес.

- Реклама -