Сетете се на постерите од класиците од времето на црно-белите филмови. Тогаш постерите имаа уникатен, силен, незаборавен дизајн кои не го елементаризираше филмот и во никој случај не го рекламираше погрешно.
А што да кажеме за “2001: Вселенска одисеја”, чиј што постери и дополнителна уметност додаваат нијанси и пораки до целокупното уметничко дело.
Некогаш беа почитувани како уметничка форма и ги красеа ѕидовите на безброј соби ширум светот, денес постерите станаа функционален производ.
Тие се бездушни обработени со Photoshop и најчесто се сведени на некој од вообичаените стереотипи како: протагонистите на позадината на експлозија, темна фигура во грб, око во крупен план, и други слични, повторувачки сцени.
Само помислете, по 20 години кој би ставил на ѕидот постери на “Девојката од Данска” или “Повратникот”? Тешко дека и режисерите на овие филмови би го направиле тоа.
Оригиналните дизајни надвор од шаблонот стануваат поголема реткост и тоа има свои објаснувања: модерниот постер е комплексен микс од договорни обврски (името на главниот актер треба да биде испишано со одредена големина на фонт и / или во одреден сооднос со останатите имиња) комерцијални потреби (колку е атрактивен постерот за целната публика на филмот) и понекогаш ограничени опции за фотографирање на ѕвездите во улогите.
„Задачата да се сведе целиот филм до една слика и без тоа е комплицирана, но дополнително комплицирана е од различните интереси на сите вмешани”, објаснува дизајнерот Алекс Гријндлинг кој работеше на официјалниот постер на “Ангели и демони” .
„Режисерот сакаат нешто што ја изразува нивната работа како што тие ја гледаат, маркетинг одделите сакаат нешто што ќе привлече публика, продуцентот често е некаде помеѓу овие две земји, а дизајнерот се обидува да најде баланс помеѓу нивните мислења и да ги изрази на свој начин”, вели уште Гријндлинг.
Како виновна за досадните постери, Гријндлинг ја наведува целата индустрија.
„Мислам дека се должи на споменатите разлики помеѓу одделните земји, како и на барањата што се утврдени по договор над филмските постери”.
Надежта е од една страна во поголем број независни дизајнери – кои создаваат алтернативна уметност за филмовите што ги промовираат онлајн и често продаваат физички копии од него. Тоа е брзо растечки пазар, а некои студиа се доволно далекувиди за да соработуваат со такви луѓе.
Другиот позитивна тренд е доаѓањето на дигиталните постери. Тие овозможуваат повеќе постери да бидат всушност кратки анимации, а не статични слики. Неизбежно, изменетиот формат ќе ги донесе своите клишеа, но би требало да отвори и нови можности за визуелна креативност.
Во галеријата можете да видите неколку од најдобрите и најлошите филмски постери, како и колекција од најчестите стереотипи во нивниот дизајн.