Во човечкото тело постојано се одвиваат разни биолошки промени. За многу од нив не сме ни свесни.
Нормално, не е можно прецизно да се утврди што сé вашето тело произведе во 2017-та. Но според следниве цифри, кои го отсликуваат просечниот размер на сé она што се случува во човечкото тело на годишно ниво, можеме слободно да претпставиме дека:
• Во 2017-та, косата ви пораснала за 15.2 сантиметри.
• Во 2017-та, ноктите ви пораснале за 3.8 сантиметри.
• Нашата кожа постојано се обновува, а во 2017-та ви отпаднал слој од мртви клетки со вкупна тежина од 3.9 килограми.
• Во 2017-та веројатно сте исплакале околу 83 литри солзи, сте излачиле 363 литри пот, како и 227 литри плунка. Што се однесува до физиолошките потреби, веројатно сте исфрлиле околу 503 литри урина и 163 килограми измет.
Кога ќе се земе во предвид дека просечниот животен век е 70 години, мораме да се согласиме дека кој и да го создал човечкото тело, се разбирал од квалитет. Со други зборови, ако го читате ова, и вие сте биле квалитетни во 2017-та.