Што се можевме да направиме додека гледавме Гангам Стајл?

Проклет да е Јутјуб што е толку заразен…

The Economist направи интерен график на се она што човештвото можеше да го направи за времето додека го гледаше најпопуларното видео на Јутјуб – Gangnam Style на Psy. Од јуни 2012 па наваму, Гангам Стајл собра повеќе од 2 билиона прегледи. Што значи, на гледање на видеото се потрошени повеќе од 140 милиони часови, т.е. повеќе од 16.000 години.

Графикот го споредува тоа потрошено време со времето потребно за некои од најмонументалните достигнувања во историјата на човештвото. Па така, кога луѓето би го инвестирале сето тоа време во попродуктивни задачи, би изградило 20 нови Емпајр Стејт кули, 6 Бурџ Калифи, 4 (и нешто) пирамиди од Гиза и 1 ипол Википедија!

arxtluh7ksmkkbcynbi2[1]

…Па уште кога ќе го пресметаме времето потрошено на учење на танцот? Или времето потрошено на сите непродуктивни видеа на Јутјуб? Можеби ќе ја искореневме војната, гладот, глобалното затоплување и ќе го колонизиравме Марс. Од друга страна, помислете колку војни ќе предизвикаа сите тие часови поминати во досада…

- Реклама -