Откако ќе го испиете кафето, никако не го фрлајте талогот од моќните зрна туку искористете го на неколку генијални начини.
1.Непријатниот мирис од лук на рацете по готвењето лесно може да го отстраните така што ќе ги натопите прстите во топла вода и ќе втриете мелено кафе кое совршено ги неутрализира непријатните мириси од кожата.
2. Тврдокорните наслаги од маснотија на тавата или тенџерето за готвење може да ги отстраните со кафе. На сува површина ставете кафе и тријте силно. Маснотијата ќе исчезне за неколку минути.
3. Мирисот и текстурата на кафето ќе ги избрка мравките. Доволно е да ставите мелено кафе по ќошевите.
4.Доколку поради гребнатинките на дрвениот мебел сакате да викнете експерти на помош, откажете се. Едноставно полирањето може да го направите сами и ќе поминете поевтино. Помешајте неколку лажички мелено кафе со вода колку да се направи густа смеса која потоа ќе ја размачкате во пукнатините, а вишокот избришете го со крпа и премачкајте со восок за мебел. За дрвото со црвени тонови додајте малку јод во смесата.
5. Мал сад со кафе ставете го близу до шпоретот. Зрната кафе ќе ги апсорбираат мирисите од готвењето по што домот нема да ја задржи мешавината од непријатни ароми.
6. Ако имате камин тогаш сте запознаени со пепелот што го загадува воздухот во просторијата. Прашината и пепелот во овој случај посипете ги со талогот од испиеното кафе и тоа ќе ги задржи честичките на место.
7.Доколку вашето домашно милениче упорно врши нужда меѓу засадените овошје и зеленчук, посипете ја земјата со мешавина од кафе и изрендана кора од портокал.
8.Непријатниот мирис на стапалата може да го отстраните со свежо мелено кафе. Ставете го во чевлите нека отстои цела ноќ.
9. Кофеинот, состојка што ја содржат речиси сите креми за целилут, ја подобрува циркулацијата. Топлиот талог помешајте го со масло од кокос и добиената смеса намачкајте ја на кожата масирајќи ја со кружни движења неколку минути.