Испапчен папок имаат дури 10 проценти од луѓето, во него се наоѓаат повеќе од 1.400 видови бактерии, а може да се открие дури и бременоста или брзината на трчање.
Папокот за секое човеково битие е првата и најважната врска потребна за живот, но неговата важност не престанува по пресекувањето на папочната врвка, тврдат научниците. Тие откриле дека не постојат два идентични папока, а некои од нив се многу попријатни за окото од други. Околу 90 проценти од луѓето имаат вовлечен папок, додека останатите имаат испакнат.
Кој е поубав?
Неодамнешно истражување од Универзитетот Хелсинки покажа дека луѓето преферираат папок во облик на буквата Т. Научникот Аки Синконен тврди дека изгледот на папокот кај жените може да биде симбол на целовкупната нејзина убавина, но и плодноста, а тоа зависи од неговата симетричност, обликот и позицијата.
Можеме и без папок
Иако сите луѓе се раѓаат со папок, без него се може. Пример за тоа е моделот Каролина Куркова, која останала без папок на операција во детството. Уште една славна личност која наводно немала папок е Алфред Хичкок.
Новата облека го оцртува папокот
На новата облека папокот се исцртува многу повеќе, отколку на износената, покажува студија од 2009 година, објавена во списанието Медицински хипотези. Иако не се познати целта ни поентата на истражувањата, потврдено е дека папокот полесно се сокрива во облека која е веќе износена.
Бремена сте
бременоста резултира со бројни промени на телото, а иако вовлечениот папок останува внатре, а испакнатиот надвор, во текот на временоста тој значително се менува. Кај екстремниот раст на стомакот во ретки случаи може да дојде до вовлекување на папокот, кој таков останува и по породувањето. По бременоста, само обликот брзо се враќа на стариот изглед.
Од него зависи брзината
Положбата на папокот на стомакот може да посведочи за тоа колку некој брзо плива или трча, покажа истражување на Универзитетот Дјук. Така луѓето од црна раса, кои во просек имаат папок поставен за околу четири сантиметри погоре од оној на белите луѓе, па генерално побрзо трчаат. Висината на папокот е прилагодлива со еволуцијата.
Гужва во папокот
Во папокот има повеќе од 1.400 различни бактерии, покажа студија на Универзитетот во Северна Каролина. Во неа научниците анализирале што содржи папокот и откриле бројни занимливости. Еден волонтер во својот папок имал бактерија која претходно е пронајдена само во Јапонија, иако тој претходно никогаш не ја посетил земјата.