Што сакале децата за Божиќ во 50-тите години на минатиот век

Добри или лоши, децата во 50-тите години на минатиот век сонувалe да најдат под елката многу различни нешта, за разлика од денешните деца.
Британски црно-бел филм, снимен во 1959 година, раскажува за група деца, кои му кажуваат на Дедо Мраз што сакаат да им донесе. Облечени едноставно во стилот на 50-тите години децата сакаат едноставни работи. Две слатки мали момчиња му велат на белобрадиот старец, дека сакаат тркало со две гуми, играчка глушец кој се навива и оди, и метално свирче.

Девојките имаат скромни желби. 7-годишната Џилијан побара даска за пеглање, за да и помага на мајка си со домашната работа. 8-годишната Лин пак сака да добие фустан, за да се облекува модерно. Две други девојчиња го замолија Дедо Мраз за Библија

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

Сега овие возрасни деца од црно-белите филм им подаруваат на своите внуци таблети, компјутери и кукли, коментира “Мирор”.

- Реклама -