Едно истражување покажало дека машките често не го признаваат она што навистина го посакуваат, па затоа истражувачите побарале второ мислење од нивата понежна страна.
Еве ги резултатите.
Слободен викенд за гледање спорт
Можеби нешто што најмногу ги нервира девојките, но сепак после секоја напорна работна недела, викендот и спортот се слабата точка на мажите. Изобилството од фудбалски натпревари, ладното пиво и доброто друштво секогаш можат да бидат добитна комбинација.
Помалку барања од нив
Мажите дефинитивно не сакаат некој да им го поставува истото прашање и да ги предупредува околу истата работа секојдневно. Што помалку им наметнувате нешто, толку полесно ќе го прифатат тоа и поредовно ќе го прават.
Сакаат пофалби за својот изглед
Иако се малкумина оние кои отворено кажуваат, сепак секое машко се чувствува убаво кога ќе добие комплимент за својот изглед. Кога некоја девојка ќе им примети промени во имиџот, им расте самодовербата, но и егото.
Редовен секс
Доволно е кажано
Добар автомобил
Нормално, сите машки сакаат да имаат свое лично возило. Брзината и добриот изглед се секогаш важни, па мора да се појасни дека не сите автомобили можат да го задоволат нивниот вкус