Новата хит серија од продукцијата на Телеком Србија, „В Ефект“ ни раскажува интригантна приказна за едно мистериозно убиство извршено на театарската сцена.
Интригантната серија, чиј режисер е Гордан Кичиќ и Ѓорѓе Марковиќ, се состои од осум епизоди чие емитување почнува на 10 февруари на Суперстар каналот, секоја сабота и недела од 21 часот.
Серијата започнува со премиера на нова претстава на која присуствува огромен број на публика, државници, новинари, критичари, како и министерот за култура чиј син, пак ја толкува главната улога во претставата.
Громогласен аплауз го означува крајот на претставата, но во ист момент и почетокот на мистериозната потрага по вистината зад смртта на еден од актерите во претставата кој умира на сцената. За шокот да биде поголем смртта се случува додека актерот во рамки на претставата изведува сцена во која извршува самоубиство. Па задачата која се поставува пред инспекторката во случајот Светлана Сорга е да открие минувајќи низ низа предизвици дали смртта на познатиот актер е само една голема несреќа, самоубиство или убиство.
Покрај трилер заплетот и истрагата која што ја спроведува инспекторката Сорга (Милица Јаневски), која истражува мистериозни злочини во стилот на Агата Кристи, новата серија преку иронија и црн хумор ни го прикажува театарскиот живот, актерите и нивните судбини.
Актерската екипа на „В Ефект“ ја сочинуваат Милица Јаневски, Јована Гавриловиќ, Изудин Бајровиќ, Нада Шаргин, Радоје Чупиќ, Дубравка Дуда Ковјаниќ, Петар Бенчина, Милош Ѓорѓевиќ, Александар Сречковиќ, Младен Андрејевиќ, Бојана Стефановиќ, Миодраг Мики Крстовиќ и многу други.
Суперстар каналот е дел од телевизиската програма на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ преку некој од пакетите за сателитската телевизија mSAT Tv или стриминг платформата Move TV. Повеќе информации може да најдете на mtel.mk.
** Комерцијален текст