Книга за подемот и падот на бизнисот го пресоздава моментот во кој двајцата извршни директори на Blackeberry не сфаќале што точно се случило, кога го виделе првиот iPhone.
„Како го направиле тоа?“, бил еден од првите коментари.
Според Џеки Макниш и Шон Силикоф, автори на новата книга за подемот и падот на BlackBerry, основачот на Research in Motion, Мајк Лазаридис си го помислил токму тоа, кога видел за првпат како Стив Џобс претставува музика, видеo и мапи на мал стаклен предмет, кој го нарекувал iPhone.
„Ова ќе ја уништи конкуренцијата,” си помислил Лазаридис, кога дознал дека Cingular Wireless (која сега е AT & T) потпишале ексклузивен договор за обезбедување на мобилни услуги на овој „чуден“ апарат.
„Овие момци се навистина добри, но се е ок, ќе се справиме“.
Првиот iPhone не претставувал закана за основниот бизнис на BlackBerry, барем тие не го гледале тоа така, на почетокот.
„Тој не беше сигурен“, вели висок функционер во компанијата.
„Батеријата му се празнеше брзо и тастатурата не му беше добра.“
Како и многу етаблирани компании, соочени со нивните иновативни активности, BlackBerry го удвои залогот врз сопствените производи, а потоа изгуби.