Во спотот за песната „Ljube moja“ на Дамир Липошек, поранешен член на бендот „Парни ваљак“, главната улога ја доби Северина.
Хрватската пејачка уште еднаш докажа колку е едноставна, сестрана, но и зафатена, па освен што рекламира автомобили, чанти, чевли, пиво, осигурување, третмани за разубавување и што уште не, се појавува и во спот на нејзин колега во кој заводливо игра во „жешки“ панталони на автопат.
Сепак, Дамир вели дека песната не е посветена на Северина, туку на неговата сопруга.
http://youtu.be/D0nZONiPDEE