Што прават мачката и кучето кога никој не ги гледа (ВИДЕО)

Корисничката на Reddit – elphaba1 решила да постави камера за да види што прават нејзината мачка и куче додека таа е на работа. Звучи како увертира во хорор шоу, но таа била сосема изненадена од резултатот – мачката и кучето главно дремеле на каучот и цело време се галеле и спиеле заедно. Нешто што многу ретко го прават кога некој е дома, вели таа.

Видеото брзо станало хит, а сега таа редовно „известува“ за нејзините миленици преку Инстаграм профилот „ginger_cat_and_vizslas“.

Корисниците посакаа да дознаат и нешто повеќе за слатката двојка. Кучето е женско, се вика Joule и била вдомена пред четири години. Има пет години. На почетокот имала големи проблеми со анксиозноста, но оттогаш многу напредувала, пишува сопственичката. Мачорот се вика Келвин и има околу четири години. Го земале како постаро маче, околу осум месеци откако почнале да ја чуваат Joule. Поради аголот на камерата изгледа огромен, но тежи само околу 5 килограми.

Туку да прејдеме на главното:

https://www.instagram.com/p/BsovMBVAyBo/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/BsvfcI7HxDW/?utm_source=ig_web_copy_link

- Реклама -