Речиси нема вработени кои од време на време не забушаваат на работното место.
Постојат вообичаени трикови, како оној кога се правиме дека работиме иако мозокот ни е на некое патување, или пак, проверуваме „Фејсбук“.
Има, сепак и помалку вообичаени па и бизарни нешта кои што ги правиме кога мислиме дека никој не не гледа.
Истражување на сајтот „Кариер билдинг“ покажа дека некои вработени спијат, а тврдат дека се молат, се пресоблекуваат под столот, а не е е реткост ни принтање на книги од интернет со оправдувањето „Сакав само една страна, не знам што му е “.
Мажите гледаат фотографии на раголени жени, а кога некој ќе ги фати, објаснуваат дека не знаат како им се отворила страната.
Тоалетот е исто така инспиративен, особено за селфиња, греење на стапала под сушачите за раце, а некои дами го користат и за бричење на нозете.