Сакате да се чувствувате уште поблиски со вашиот партнер и да ја подобрите врската? Најлесен начин да го постигнете тоа е доколку се гушкате со саканата личност после секс.
Според две паралелни студии објавени од страна на издавачот на научни трудови „Спрингер”, доколку сакате да ја подобрите својата врска, треба да го зголемите времето што ќе го поминете заедно по љубовниот чин.
Истражувањата, во кои учествувале 436 парови, биле поделени на две работни групи.
При првата, паровите поминувале во просек 15 минути во прегратки, а другата половина била замолена да не менува ништо во своите навики.
Кај првите двојки во текот на времето почнало да се забележува значително поголема близина. Кај втората група мажите и жените заклучиле дека се чувствуваат посреќни и позадоволни од односите со партнерот, во деновите во кои поминуваат повеќе време заедно после сексуалниот чин.
Меѓу заклучоците по истражувањето било истакнато дека освен што е важен третманот и прегратките после сексот, важна е и комуникацијата. Според студијата не е доволно само да сте заедно, туку и да разговарате.