Што подготвува H&M оваа пролет?

За почеток на новата модна сезона H&M подготвува нова колекција, а во фокусот оваа пролет е спортска варијанта на боемски стил за жени, воочливи форми и бои за мажи. Новата колекција, со назив Rock’N’Roll Mansion за H&M ја претстави манекенката Georgia May Jegger.

Ann Sofie Johansson, директор на дизајнерскиот оддел на H&M, изјави дека новиот боемски стил особено и се допаѓа, и дека целата колекција е освежена со додавање на спортски елементи и бои избледени на сонце.

Од H&M ни порачуваат дека авијатичарската јакна е совршено парче за почеток на сезоната. Многу е модерна, а спортскиот облик е ублажен со некои детали.
Здолништето со реси е вистинска експлозија на бои и забава, благодарејќи на ресите. Одлично се вклопува со минималистичките парчиња.
Црвените панталони со широки ногавици се едни од основните парчиња оваа сезона, а каубојските чизми истовремено се боемски и урбани. Ќе изгледаат одлично во комбинација со торбите со реси.

Сафари јакните се враќаат во мода на голема врата. Важни се деталите како големи џебови и копчиња на рамената. Се работи за многу практично парче облека.
Неверојатно е како модните додатоци можат да и дадат потполно нова димензија на облеката. На пример, бејзбол капче во комбинација со сако покажува дека разбирате како се носат класичните кроеви во 21 век.

Georgia May Jegger, ќерката на Mick Jagger и Jerry Hall, ја претставува новата колекција и одлично ги спојува музиката и модата, облечена во бела моторџиска јакна и избледени фармерки комбинирани со сако и фустан со А-крој.

Манекенката кампањата ја снимаше во луксузна рокерска вила, опкружена со гитари, тапани и мотори. Georgia мисли дека музиката денеска има силно влијание на модата, исто како во минатото. Нејзиниот сопствен стил исто така го има истиот сензибилитет како оваа колекција.

Младата Georgia за себе кажува дека нема некој посебен стил. Го носи она во што се чувствува удобно. Понекогаш се тоа фармерки, а понекогаш фустани и чизми. Jegger, која овој месец ќе го прослави својот 21-ви роденден, целосно е посветена на својата модна кариера, и ужива во тоа што моментално го работи.

Georgia-May-Jagger-for-HM-garticle-2

Georgia-May-Jagger-for-HM-garticle-3

Georgia-May-Jagger-for-HM-garticle-10

Georgia-May-Jagger-for-HM-garticle-11

Georgia-May-Jagger-for-HM-garticle-13

Georgia-May-Jagger-for-HM-garticle-17

- Реклама -