Што означува вашата омилена боја

ЖивотСите ние имаме омилена боја. Можеби ве привлекува небесно сината бидејќи ги нагласува вашите очи, или зелената бидејќи ве смирува. Кој и да е вашиот избор, бојата открива многу работи за вас. И истото важи и за останатати, вашата реакција ќе биде различна ако некој рече дека омилена боја му е жолта, наспроти некој што рекол дека омилена боја му е црна.

Сите ние имаме омилена боја. Можеби ве привлекува небесно сината бидејќи ги нагласува вашите очи, или зелената бидејќи ве смирува. Кој и да е вашиот избор, бојата открива многу работи за вас. И истото важи и за останатати, вашата реакција ќе биде различна ако некој рече дека омилена боја му е жолта, наспроти некој што рекол дека омилена боја му е црна.

Причина за ова е фактот што боите пренесуваат информации. Еве неколку информации кои ќе ви помогнат да ги разберете.

бои

Црвена
Што претставува: Бојата на страста, гневот и високиот крвен притисок. Црвената е примална боја, која ги претставува прималните нагони како страста и гневот. Да, црвената е боја која наредува: сетете се како кога возите секогаш застанувате кога ќе видите црвено светло пред вас.

Разбирање на луѓето кои ја сакаат: Тие дејствуваат – понекогаш без размислување – според нивните моментални желби. Всушност, тие типично сакаат да добијат задоволство веднаш.

Портокалова
Што претставува: Портокаловата боја не е баш најлесна за комбинирање во облеката. Но, портокаловата е сензуална боја. Таа претставува растворена црвена која ги омекнува прималните, страстни нагони. Портокаловата е боја на почетната привлечност, емотивните одговори и внатрешниот магнетизам. Исто така, оваа боја е блиска до златната, бојата на успех и богатство.

Разбирање на луѓето кои ја сакаат: Некој кој сака портокалова боја е полн со живот, емоции, способност за грижа и може да најде пат до успехот. Ако вашата омилена боја е портокалова, тогаш едноставно не можете да ја исклучите вашата страст. Ова е добро, овие личности никогаш не почнуваат несериозни врски.

Жолта
Што претставува: Жолтата е бојата на сонцето, виталноста, моќта и егото. Оваа боја не е најдобриот показател за оние кои бараат љубов. За оние кои ја сакаат оваа боја главен приоритет се самите тие.

Разбирање на луѓето кои ја сакаат: Ако жолтата е вашата омилена боја, обидете се да ја намалите употребата на зборот „Јас“ ако сте заинтересирани за некого. Во спротивно ризикувате да се претставуте како егоцентрична личност. Кога сте во друштво со некој чија омилена боја е жолта, користете ја секоја прилика да кажете што сакате, бидејќи таа личност нема да ви даде многу шанси.

Зелена
Што претставува: Зелената, на изненадување на многу луѓе, е бојата на љубовта. Зелената е боја на животот, и претставува растење, ширење и живеење. Тогаш зошто црвената секогаш се асоцира со љубовта? Бидејќи зелената ја претставува хуманистичката љубов и прифаќањето, а не романтичната страст. Зелената е исто така боја на добри луѓе, луѓе кои сакаат да прават добри работи за останатите. Овие личности имаат топло срце. Најверојатно ќе најдете и страст, закопана под нивниот интегритет и чест.

Разбирање на луѓето кои ја сакаат: Ако ја сакате оваа боја, тогаш за вас среќата на другите е поважна отколку сопствената, но сепак можеби би требало да се обидете да бидете себични понекогаш.

Сина
Што претставува: Сината боја претставува јаснотија, комуникација и шарм. И без разлика која е нијансата, оваа боја вели: „Сакам да бидам разбран.“ Лошата страна е што луѓето кои ја сакаат оваа боја под стрес најчесто испраќаат измешани сигнали, се неодлучни или едноставно се губат за време на разговори.

Разбирање на луѓето кои ја сакаат: Ако сината е вашата омилена боја, тогаш секогаш имате што да кажете – изразувањето е вашата силна страна.

Виолетова
Што претставува: Виолетовата боја потсетува на енергијата на илузија, имагинација и фантазија. Оваа боја инспирира кокетирање, романса, флертување. Лошата страна на оваа боја се нереалистичните очекувањеа. Полесно е да се живее во светот на вашата фантазија отколку во реалноста? Некои луѓе кои ја сакаат виолетовата всушност се задоволни со ова.

Разбирање на луѓето кои ја сакаат: Ако сакате виолетова боја, тогаш можеби сте имагинативен роматичар, или преферирате имагинарни романси, во зависност од моменталното расположение.

Бела
Што претставува: Што е светлината – комбинација на сите бои. Белата боја симболизира чистина и духовност. Бојата исто така располага со едноставност.

Разбирање на луѓето кои ја сакаат: Луѓето кои сакаат бела боја најчесто се чисти и уредни. И иако белата боја не е баш најсекси, барем дефинитивно е здрава.

Црна

Што претставува: Како и белата, и црната е комбинација на сите бои, но наместо чистина, таа го претставува непознатото, невиденото – мистерија. Црната не открива никакви информации, но во нашето општество има силна асоцијација со „темната страна“ и злото.

Разбирање на луѓето кои ја сакаат: Ако вашата омилена боја е црна, тогаш сте тивок по природа. Тишината на оваа боја им дозволува на останатите сами да ги пополнат празнините. Црната вели: „Не ти кажувам ништо.“ Луѓето чија омилена боја е црната можат да бидат тешки за разбирање, но најчесто вашиот труд нема да биде залуден. [What one’s favorite color signifies]

- Реклама -