Што открива омилената секс поза за вас?

Омилената секс поза открива многу за вашата личност. Прочитајте, па негирајте ако не е така.

Мисионерска поза

missionary

Жените што ја сакаат оваа поза, сакаат едноставност. Не се во потполност спремни за експериментирање и обично не се диви или незауздани во креветот. Преферираат контакт со очите за време на сексот, бидејќи со тоа се засилува поврзаноста со партнерот. Оваа поза е исто така омилена кај оние што се презафатени или едноставно преуморни. Ова е поза која најчесто ја практикуваат паровите што се долго време заедно. Можеби сметате дека е досадна, но оваа поза доаѓа во пакет со многу интимност и силна поврзаност меѓу партнерите. Мисионерската поза значи дека имате силна сензуална врска и дека мислите на неговото/нејзиното задоволство повеќе отколку на своето.

 

Девојката одозгора

o-SEX-facebook[1]

Ова е сјајна позиција за оние кои сакаат да доминираат. Оној што е горе најчесто ја одредува длабочината на пенетрацијата, брзината, воопшто темпото и интензитетот на акцијата. Таквите жени знаат што точно сакаат, а тоа обично и го добиваат. Екстремно се самоуверени и уживаат во сопственото тело.

 

Поза „лажица“

rsz_p662_02_2008-02-14_mya_steve_eos5d50_9451[1]

Ова е омилена поза за вистинските романтичари. Жената има потполна доверба во својот партнер и му се предава во потполност, со тело и срце. Оваа позиција е придружена со многу опуштеност, па може да трае и подолго време. Посебно е погодна за лесен и сензуален секс.

 

Одзади („кучешка“)

tumblr_lspkg7juc81qgvnsmo1_500[1]

Навистина постои нешто животинско во оваа поза. Без разлика дали таа ја контролира пенетрацијата со своите движења, или тој ја држи цврсто за бедрата, ова е омилена поза на оние кои се „диви во срцето“. Уживаат во привидната покорност и допуштаат партнерот да ги води со својата страст. На кратко, таквите девојки се „немирни“ и уживаат во „настраниот“ секс, што е секако позитивна особина.

 

Обратна каубојка

tumblr_m4z0fejs1c1rx263po1_500

Ја обожавате оваа поза? Тогаш веројатно сте вистинска „оса“ во кревет. Диви сте, сексуално отворени и не се плашите од промени. Ова е сјајна поза за жените што сакаат да ја покажат својата задница, така што на мажот му овозможуваат прекрасна глетка. Со помош на огледало, и двајцата можат да добијат фантастична визуелна гозба. Што и да посакате, што и да ве „скокотка“, вие ќе го претворите во вистинско шоу во креветот.

- Реклама -