Што открива интимната фризура за нејзината сопственичка?

За да би биле уредни интимните делови, редовен дел од рутината на жените за негата на нивните тела е депилацијата. Но, како што интимната фризура е средство за заведување, многу дами имаат прецизно дефинирана слика за тоа што се крие под гаќичките. Дознајте што може да открие интимната фризура за девојката која ја носи.

Природна фризура

Станува збор за класична депилација која беше доста популарна во 80-те, а се однесува на отстранување на влакната единствено околу бикини зоната, односно на оние кои не сакаме да ги видиме на плажа надвор од рабовите на костимот за капење.

Ваквата фризура ја опишува жената која ја сака природната убавина и практичност пред се. Скромна личност која знае што сака и не сака да привлекува внимание.

c9

Триаголник фризура

Овој тип на депилација спаѓа во најчестите интимни фризури, која освен со депилација препоните и бикини зоната, опфаќа малку повеќе од влакната оставајќи триаголник на интимниот дел.

Овој тип на депилација е карактеристичен за жените кои се динамични, кои сакаат промени, но и безбедност. Станува збор за морална личност која повремено сака да си поигрува со сексипилот.

60434371

Чироки фризура

Како што сугерира името, за оваа интимна фризура дебелината на линијата зависи од изборот на дамата, а најпопуларна беше во текот на 90-те години. После депилацијата, влакната не остануваат во нивната природна должина, туку се кратат.

Ваквиот начин на депилација е карактеристичен за отворени и комуникативни личности, кои не се плашат од промената и новите животни препреки, кои сакаат авантура, но се во рамките на границите.

braz

Бразилска

Бразилската депилација подразбира отстранување на сите интимни влакна. Ова во моментов е една од најпопуларните депилации, за која жените трпат особена болка, но вреди бидејќи на мажите им е омилена.

Бразилската депилација ја симболизира слободната и самоуверена жена која е свесна за својот сексипил и сака дополнително да го истакне. Таа знае што сака и знае како да стигне до својата цел.

- Реклама -