Што ни преќутеа технолошките гиганти во 2015-та?

Што рекоа и што премолчеа во годишните извештаи Аpple, Facebook, YouTube и Twitter?

Веројатно не би зборувале лево-десно за гафот, или за апсењето на вашиот син за кражба во празничните честитки.

Зошто тогаш со технолошките компании би било поинаку?

giganti

Повеќето годишни извештаи од технолошките компании ги истакнуваат позитивните нешта – од најуспешните видеа на YouTube и најпродаваните апликации во Apple App Store до најпопуларните хаштагови на Twitter, до најоригиналните фотографии на Instagram.

Овие податоци сепак можат да откријат многу за тоа како овие фирми или услуги еволуираат, како и на кој начин тие се доживуваат себе си и би сакале другите да ги гледаат.

Не е премногу изненадувачки, тоа што пропуштаат да споменат некои од не толку позитивните случувања во текот на годината.

И така, што научивме – и што премолчеа во годишните извештаи технолошките гиганти?

Apple

apple_logo

Податоците за App Store на крајот на годината покажуваат дека нови апликации и игри сè уште можат да растат: силната продажбата на семејната игра Heads Up! или апликацијата Dubsmash се пред некои големи социјални апликации на листите за бесплатни апликации за iPhone. Играта Crossy Road, исто така забележи голем успех и десетици милиони слободни преземања.

Листите на најголемите добивки во App Store откриваат дека кога станува збор за реално трошење пари, старата гарда се уште доминира: најмногу Clash of Clans, Candy Crush Saga и Game of War – Fire Age. Ново лице на оваа листа е Candy Crush Soda Saga што тешко дека може да се нарече солидна иновација.

iOS исто така стана голема отскочна за музичката стриминг услуга Spotify во 2015: апликацијата е на десеттото место на преземања и на трето место по продажбата, победувајќи ги приходите на Game of War, без да има потреба Мараја Кери да убива змејови. Но, не заборавајте: секој пат кога некој  ќе плати 12.99 евра за месечна претплата за Spotify за iOS, Apple добиваат 3,90 евра!

Што недостасува: Разбирливо од листата на Apple на крајот на годината се отсутни 250 апликации отстранети од App Store поради кражба на лични информации на корисниците. Да не зборуваме за над 300 апликации, заразени со малициозниот софтвер XcodeGhost во септември.

Цензорската политика на Apple App Store на неколку пати се покажа во центарот на вниманието во 2015 – од воените игри, до апликација за следење на американските напади со дронови во септември.

Apple исто така добија комбинирани критики за стриминг услугата Apple Music, а за малку ќе стартуваа со бесплатен пробен период, во кој изведувачите и авторите на песните не добиваат никакво исплаќање. Во ноември, во меѓувреме Џими Јовајн од Apple се извини за своето тврдење дека жените “понекогаш имаат големи тешкотии” да откриваат нова музика.

Facebook

Facebook_3474124c

Прегледот на годината вклучува листа на “најдобар дискутиран” настан во 2015: терористичките напади во Париз, сириската граѓанска војна и бегалската криза; земјотресите во Непал, “Шарли Ебдо”, ИДИЛ, протестите во Балтимор и прашања како еднакви права за склучување на брак.

“Моменти кои се споделија во 2015, се одразија на сите нас. Тие шокираа, трогнуваа и не инспирираа да преземеме нешто”, стои во резимето на годината од Facebook. Со ова социјалната мрежа јасно ја најави улогата на социјалната мрежа како место за сериозна дебата и активизам.

Што недостасува: Последната дебата дали филантропските амбиции на Марк Закерберг се толку добри како што звучи се случиле премногу доцна за да се впуштат меѓу темите.

2015-та исто така беше годината во која Facebook изигра централна улога во судската борба дали може да се пренесуваат податоци на европските потрошувачи во американските сервери, гарантирајќи ја заштитата на нивните лични податоци, што во крајна линија ги прогласи за неважечки законите на Европа за заштита на личните податоци.

Facebook беше критикуван за недостаток на транспарентност во однос на ефектот врз климата и емисиите на стакленички гасови; доби наредба од белгиски суд да престане да го следи однесувањето на не-членовите на сајтот; беше нападнат во Германија за пристап кон јазикот на омразата во својата платформа; и влезе во насловите во Велика Британија, кога стана познато дека компанијата платила само 4327 фунти корпоративен данок во 2014-та.

Одекнаа и аргументи по повод цензурата, откако Facebook забрани “понижувачко” рекламирање на тема губење на видот од добротворна организација за помош на слепи и лица кои делумно го загубиле видот; беше обвинет дека не забранил скандалозно видео за “бебешка јога” за кое се тврдеше дека покажува малтретирање на деца; и продолжи да биде тема на постојана дебата во однос на политиката кон голотијата.

Компанијата исто така треба да отстапи од спорната политика за “вистински имиња”, откако стана предмет на критики за деактивирање на профилот на жена по име Isis, и маж запишан како Phuc Dat Bich.

YouTube

unnamed

Рангирањето на YouTube Rewind на “најпопуларните видеа” е базиран на комбинација на гледање и споделување, коментари и допаѓања (за време на гледање). Поделбата на Google вели дека 10-те најпопуларни видеа биле прегледувани повеќе од 25 милиони часа оваа година.

Трендови? Четири од десетте најдобри видеа се од телевизијата, вклучувајќи три од американски шоуа.

Топ 10 на YouTube е направен со идејата да ја покажува разновидноста на услугите на сајтот. Во меѓувреме фактот дека 10-те најпопуларни музички видеото на YouTube биле видени “над 37 000 години” во 2015-та го зацврсти статусот на сајтот како најголема музичка стриминг услуга до сега.

Сепак, компанијата имаше доста критичари во 2015 за авторските права.

Во 2015-та исто така имаше скандали предизвикани од дебито на апликацијата YouTube Kids за деца, при што активисти во САД ги повикаа регулаторните органи да проверат дали сите видеа се безбедни.

Twitter

twitter

Во декември 2015-та, Twitter можеби стана терен за симпатизери кон Доналд Трамп, но прегледот на моменти од годината го зацврсти статусот на најлибералната западна платформа.

#BlackLivesMatter; #HomeToVote и #LoveWins за еднакви права за склучување на брак; #RefugeesWelcome и #IStandWithAhmed беа избрани од Twitter како највлијателни хаштагови во 2015-та, а Кејтлин Џенер и Едвард Сноуден беа меѓу “новите гласови” присутни во резимето.

Исто така половина од најпознатите ретвитвани твитови се од сегашни и поранешни членови на One Direction.

Појавата на твитови во овој топ 10 од кралот на Саудиска Арабија Салман алудира и за популарноста на Twitter во оваа држава.

Што недостасува: Twitter не е толку наклонет да нагласува дека #ISIS беше трет хаштаг по популарност: компанијата е под критично набљудување оваа година – всушност како и сите социјални платформи – заради политиките и страните создавани од ИДИЛ за ширење на убедувањата и активностите.

Најголемиот проблем на Twitter во 2015-та сепак беше поврзан со растот: неуспехот да додаде многу нови корисници сепак го чинеше најскапо извршниот директор Дик Костоло, кој ја напушти функцијата во јуни.

На крајот на семптември, Twitter имаше 320 милиони активни корисници, раст од 11% во однос на истиот период лани.

Во меѓувреме компанијата ризикува да го предизвика гневот на долгогодишните корисници со промени. Во последно време се прават експерименти со нехронолошки тајмлајн, но пред тоа и со замена на ѕвездите за Favorites со срца и Likes.

 

- Реклама -