Што не знаеме за улогата на таткото

Традиционално на таткото се гледа како на родител № 2. Дали ова значи дека таткото е помалку значаен?

Всушност улогата на таткото во животот на синот или ќерката е многу поважнa отколку што може да се замисли. Еве некои досега непознати откритија, кои што го покажуваат влијанието на таткото врз одгледувањето на детето. Тие влијаат на сите фази на неговиот развој од зачнувањето до неговото растење.

Денес веќе има голем број сериозни истражувања од психолози, биолози и други научници. Во книгата „Важни ли се татковците?” научниот новинар Пол Рејберн претстави некои од најинтересните откритија кои што го менуваат обичниот изглед на родителската улога на таткото.

Зачнувањето: борба за ресурси

Татковите и мајчините гени се однесуваат поинаку во ембрионот, тоа го воспоставил биолог од Универзитетот Харвард,  Дејвид Хејг. Гените на таткото го тераат плодот да извлекува максимално хранливи материи и енергија од организмот на мајката, дури и ако е на штета на нејзиното здравје.
Сепак, мајчините гени се обидуваат да ја ограничат исхраната на бебето во утробата. Хејг го објаснува овој феномен со фактот дека мајчините гени се „крвно заинтересирани” во опстанокот и благосостојбата на мајката, а таткото „сака” за детето да се одделат, што повеќе сили и ресурси од страна на мајката.

Бременоста: намалување на ризикот

Досега се сметаше дека за време на бременоста таткото не може да има влијание врз детето. Неодамнешна студија покажува дека децата чии што татковци биле до мајката за време на бременоста, ретко се појавувале на виделина предвремено или со мала тежина. Ризикот од смрт во текот на првата година на овие деца, исто така бил намален при тоа цели четири пати. Кај  идните мајки кои што ја поминуваат  бременоста без таткото до себе, расте и ризикот од такви компликации како анемија и хипертензија.

Раѓањето: присуството на мажот ги ублажува болките

Ако мажот присуствува во породилната сала, жените помалку се жалат на болка и поретко сакаат анестезија. Тие дури и поретко плачат. Од своја страна мажите што присуствувале на породувањето, велат дека се повеќе приврзани кон бебето и активно учествуваат во неговото одгледување.

День-отца

Од 1 до 3 години: Присуството на таткото ја намалува агресивноста

Децата чии што татковци им обрнувале малку внимание во првата година од нивниот живот, поретко  пројавиле агресивно однесување. При тоа, без оглед на тоа колку време им издвојува мајката. Студија за прашањето покажува дека ако татковците помагале при одгледувањето на децата, играле со нив, ги носеле на прошетки и пикници, синовите и ќерките имале помалку проблеми со однесувањето во раната возраст и адолесценцијата.

Раното детство: кој учи нови зборови

Во развојот на говорот татковците имаат поважна улога отколку мајката. Научниците ја споредуваат улогата на родителите во развојот на говорот кај децата од сиромашни семејства кои што живеат на село. Децата на 6-месечна возраст, на кои таткото редовно им читал, на 3 години постигнуваат извонредна експресивност на говорот и почесто користат зборови од речникот на таткото, а не на мајката. При тоа, овој факт не зависи од нивото на образованието на мајката и нејзините особености при комуникацијата со децата.

Најверојатно причината е во тоа што мајките поминуваат повеќе време со децата и користат зборови кои што децата добро ги знаат, додека татковците кои се помалку информирани за тековните јазични способности на децата, користат поширок вокабулар на зборови.

Тинејџерство: Мирисот на таткото

Долги години биолозите се прашуваа зошто девојките кои што пораснале без татко, порано достигнуваат сексуална зрелост и почесто забременуваат во рана возраст. Психологот Сара Хил претпоставува дека отсуството на таткото им дава на ќерките потсвесно сигнал: мажите не остануваат долго со жените и брзо треба да се најде партнер. Гените поттикнуваат такви девојки кон предвремено сексуално созревање. Извор на овој сигнал може да е мирисот на таткото или поточно недостатокот.

- Реклама -