Иако големите гради привлекуваат внимание, некои жени баш и не се премногу среќни што ги имаат. Одредени истражувања покажале дека тие им се проблем и не сакаат да слушаат коментари на нивна сметка. Еве неколку примери:
Престани да се жалиш, некои жени плачат да имаат такви гради
Додека ова до некаде е вистина, тоа сепак не ги теши жените кои имаат проблем во пронаоѓањето соодветен градник, костим за капење и друго парче гардероба. Исто така, имаат проблем да ги сфатат сериозно, затоа што дури и во деловниот свет нивните гради привлекуваат повеќе внимание отколку нивниот труд.
Толку сум љубоморна на твоите раскошни гради
Тоа што вие сакате големи гради, не значи дека ги сака и жената која ги има. Вашата љубомора кај неа ќе предизвика само непријатни емоции. Ако веќе сакате да и дадете комплимент, направете го тоа на подобар начин.
Мажите сигурно ги обожаваат
Да, повеќето мажи ги обожаваат, но не се тие оние кои секојдневно треба да се соочуват со не толку пријатни коментари и погледи.
Дали си размислувала да ги намалиш?
Ова е едноставно навредливо прашање. Предлагање на било какви естетски операции е навреда.
Дали те боли грбот често?
Зошто тоа воопшто ве интересира? Само блиските личности може да искажат ваква загриженост.