Што не чини во оваа фотографија?

Можеби балскиот фустан во парк за деца?

 

Пејачката Мараја Кери е подготвена секое време за фотографирање, па дури и папараците во паркот не можат да ја изненадат. Таа е секогаш елегантна.

На социјалните мрежи поп дивата објавила фотографии на кои со децата игра на лулашките во паркот. Тоа не е ништо чудно, ако не забележите како е облечена.

Во елегантен бел, долг фустан, сандали на високи потпетици и чипкасти ракавици, таа игра во паркот. Додека нејзините колеги вака се облекуваат за специјални пригоди, таа дури и во опуштена прошетка е облечена како на гламурозна прослава.

- Реклама -