500 илјади долари можат да ви купат убава и голема куќа, ако живеете на вистинското место. Но, во побогат град, нештата се малку покомпликувани. Следуваат неколку примери на имоти низ светот, што можете да си ги дозволите со пола милион долари.
Лондон, Велика Британија
Лондон има скоро се, од прастари готски замоци до модерни светкави облакодери. Едно нешто што нема да најдете таму, е ефтино живеалиште. Ако сте подготвени на врева и гужви, најдоброто што половина милион долари може да ви донесе е еднособен апартман со балкон, ако сте доволно среќни.
Тихуана, Мексико
Само малку појужно од границата на САД и Мексико, половина милион долари би можеле да ви купат една прекрасна вила со базен и простан балкон. Најголемиот град на полуостровот Баха не е најбогатото место во светот, но си има свои плусеви. Плажи, палми и сино небо ќе ве пречекаат во прекрасната Тихуана.
Сан Франциско, Калифорнија
Сан Франциско е најгусто населениот град во Калифорнија. Вредноста на тамошните имоти е меѓу највисоките во САД, соодветно на високиот просечен приход. Така, не е изненадување што 500.000 долари нема да ви донесат многу повеќе од мал бунгалов на периферијата на градот.
Лагос, Нигерија
Улиците на најголемиот град на Нигерија се исполнети со музика и ноќен живот. Иако градот не е баш мека за богатите, Лагос е економски центар на Нигерија. Тука, 500.000 долари можат да ви донесат прилично слатка куќа со три спални соби. Не е лошо!
Лос Анџелес, Калифорнија
500 илјади нема многу да ви помогнат ако сте во потрага да купите куќа во Лос Анџелес. Всушност, ако веќе неиздржливо ве привлекува животот во Холивуд, подобра идеја би била да изнајмите место во предградието. Сепак, ако сте со намера да купите имот во средината на збиднувањата, со малку среќа ќе можете да најдете задоволително станче во „Градот на ангелите“.
Рио де Жанеиро, Бразил
И покрај тоа што спаѓа во 30-те најбогати светски градови, цените на недвижностите во Рио се зачудувачки достапни. Оваа вила од нешто помалку од 350 метри квадратни чини баш околу пола милион долари. Вклучува 3 спрата, 4 спални соби и два самостојни апартмани, градина и базен. Ако зборувате Португалски, веднаш пакувајте ги торбите! Ах да, и ако имате пола милион долари.
Сиднеј, Австралија
Најголемиот град во Австралија е исто така и најнаселен. Просечната станарина во Сиднеј е највисока во цела Австралија. Купување на куќа со „само“ пола милион долари и не е многу реална опција за оние кои сакаат трајно да останат во Сиднеј, но секогаш може да се најде стан на продажба.
Кејп Таун, Јужна Африка
Пристанишниот град Кејп Таун е една од најпопуларните туристички дестинации во цела Африка. Исполнет е со зачудувачка историска архитектура. Сепак, 500.000 долари, во овој планински крајбрежен град, можат да ви донесат вила со базен и 4 спални соби.
Москва, Русија
Благодарение на поранешните нереализирани цели на Советскиот Сојуз да обезбеди дом за секој жител, главниот град на Русија е исполнет со огромни монолитни станбени згради. Забавен факт: Москва има два пати повеќе лифтови од Менхетен. Да се најде пристапна куќа во градските граници е тешко изводливо, но има широк избор на станови за продажба.
Каиро, Египет
Египет не е најпопуларната дестинација во моментов, но во главниот град може да се најдат прилично пространи домови за 500.000 долари. За оваа сума можете да докачите вила со 4 спални соби, гостински апартман и дневна соба. Главната тераса гледа кон Средоземното Море.
Париз, Франција
Густината на населеноста во Париз е само малку помала од онаа на Менхетен. Тој факт, плус неговата позиција како еден од најбогатите градови во светот, претставува тешкотија да се најде прифатливо домување. За петстотини илјади долари, животот во „Градот на љубовта“ ќе ве наведе да се задоволите со стан со една спална соба.
Лас Вегас, Невада
Како и во Каиро, населението на Лас Вегас не порасна толку брзо како што се очекуваше. Резултатот се многу останати празни куќи, а 500.000 долари лесно можат ви донесат луксузен дом со три спални и три-бањи.
Барселона, Шпанија
Главниот град на Каталонија е еден од најнаселените градови во Европа. Но, исто така и еден од најскапите. Сепак, ако сте подготвени да живеете во мал стан, пола милион долари ќе ви овозможат да бидете опкружени со многу култура, многу уметност и убави луѓе.
Детроит, Мичиген
Во Детроит можат да се најде најефтиниот недвижен имот во САД. Се разбира, ова веројатно се должи на огромната невработеност во градот од 15,8 проценти. Сепак, не можете да не размислите за овој огромен колонијален дом, кој содржи неверојатни 7 спални соби, 5 бањи и 2 тоалета. Низ куќата вредна 450.000 долари, ќе налетате и на 8 камини.