Меѓу познатите актери во Холивуд има и добри пријатели, а еден од нив се и Бред Пит и Метју Меконахи.
Можеби не е толку познат по тетоважите како и другите „лоши момчиња“ во Холивуд, но и Бред Пит има неколку од нив. Сега ја откри и својата најнова тетоважа…
Познатиот холивудски актер Бред Пит се придружил на својот пријател, актерот Метју Меконахи во Њу Орлеанс за да играат безбол заедно. Кога ќе се сретнат две така големи ѕвезди, нормално е да привлечат големо внимание и познатите актери дошле на балконот од хотелот и ги поздравиле насобраните обожаватели- а секако и папараците.
Но, кога Бред Пит ја кренал раката и ја открил својата нова тетоважа, односно стих од познатиот поет- Руми ( Мевлана Џелалудин Руми бил персиски исламски филозоф, теолог, правник, поет и суфи мистик од 13-тиот век. Се смета за еден од најголемите мистички поети на исламот, кој пишувал на персиски јазик). „Таму постои едно поле, таму не постои правилно и погрешно. Таму ќе се сретнеме“, гласи истетовираниот стих на внатрешната страна на надлактицата на Бред Пит.
Според пишувањата на Radar Onlinе, Анџелина Џоли и Бред Пит планираат иста тетоважа да стават пред самото венчавање, а можеби е токму таа.