Што јаде едно семејство во Северна Каролина? А што во Сицилија? Или пак можеби Кувајт? Пред неколку години фотографот Питер Мензел и новинарот Фаит Далузио патуваа низ светот документирајќи го она што 30 семејства во 24 земји јадат секоја недела. Во 2005 тие ја објавија својата книга Hungry Planet: What The World Eats, но списанието Time деновиве постави и селекција на фотографиите онлајн. Интересно е колку едно семејство троши на храна неделно и варијациите во диетата. [What the World Eats фото есеј]