- Крајот на една ера
Можеби си го рековме истово по елиминацијата на Шпанија на СП 2014, но сега истото си го потврдивме. Без никаков сомнеж, ова е крај на доминацијата на Шпанија. Италија беше потобра во сите делови на играта, а да не беше на голот, брилијантниот Де Геа, Шпанија можеби ќе јадеше резил, сличен на оној на Бразил на последното Светско првенство.
Речиси е сигурно дека Дел Боске ќе си оди од кормилото и во репрезентацијата ќе дојдат нови фудбалери.
2. Италијанците се сериозни кандидати за освојување на трофејот
Судејќи по последниот натпревар, против Шпанија, навивачите на Италија не беа воопшто во грч бидејќи не им ни оставија простор на Шпанците да нападнат. Иако вториот гол го постигнаа доцна, тие не им дозволија на Шпанците да ја играат нивната препознатива игра.
3. Дојде времето на Де Геа
Конечно Шпанија доби и заслужи да добие нов голман. Де Геа застанува на местото на феноменалниот Икер Касиљас. Тој можеби беше и најсветлата точка на Шпанците, бидејќи имаше неколку супер-одбрани, а ја спаси Шпанија и од дебакл. Можеби беше виновен за првиот гол, но сигурно го дели срамот со одбранбените фудбалери кои дефинитивно не беа доволно гладни да ја исчистат таа одбиена топка.
4. Антонио Конте е луд
Замислете ја наредната сезона во Премиер лигата! Мурињо, Раниери, Покетино, Гвардиола, Клоп и Конте!
Антонио Конте ги докажа своите тактички способности уште во Јувентус, а истото многу добро му оди и со Италија. Тимот против Белгија го намести перфектно, па со Шпанија уште подобро. За останатите страни на Конте доволно е видеово!