Во претходната епизода на музичкото натпреварување „X Фактор“ испаднаа едни од гавните фаворити – Аднан и Тарик.
Тие се бореа во „песната за спас“ против Магдалена Богиќ, а освен нивниот ментор Тончи, не добија гласови од жирито за билет во супер финалето.
Аднан и Тарик не го криеа разочарувањето кога слегоа од сцената, особено бидејќи беа сигурни дека имаат огромна поддршка од страна на публиката.
– Криво ни е што испаднавме и не очекувавме да се најдеме во „Песната за спас“. Нашите гласачи малку се успаа и се заврши вака, изјави Тарик.
Посебно им паднало тешко што не ја вежбале песната за спас, бидејќи мислеле дека влезот им е загарантиран.
– Не очекувавме дека ќе се најдеме во „Песната за спас“. Од таа причина не ја ни вежбавме песната и сега ни е многу жал.
Инаку, во натпреварувањето останаа шест најдобри кандидати кои ќе настапат во суперфиналето на 21 јуни во Комбанк Арената. Финалето е закажано за 21 часот.
Гостин ќе биде светската музичка ѕвезда Џејмс Артур.