Што говори вашата висина за вашиот живот?

Се чини дека висината има многу поголема улога врз нашите животи отколку што очекуваме. Врз основа на разните истражувања, намерни и случајни, во потрагата по одговори научниците дојдоа до следните заклучоци:

 

Ниските луѓе живеат подолго

Неодамна, научниците анализираа податоци во врска со животот на 500 мажи родени меѓу 1866-та и 1915-та, на Сардинија. Се покажа дека оние пониските од 162 сантиметри живеат во просек две години подолго од оние повисоките. Се смета дека причината е тоа што ниските луѓе имаат помалку оштетена ДНК и поголема ефикасност на пумпање на срцето. Слично истражување покажа и дека и пониските жени живеат подолго.

Високите луѓе се поинтелигентни… и побогати.

Неколку истражувања наведуваат на тоа дека повисоките луѓе се и поинтелигентни. Во 2006-тата, на универзитетот Принстон, беше спроведена студија која покажа дека повисоките деца се значително подобри во решавање на когнитивните тестови. Ланското истражување на универзитетот Колорадо, пак, покажа дека интелигентните луѓе бираат повисоки партнери. Во Сиднеј, пак, речиси 20.000 луѓе учестуваа во студија на градскиот универзитет, според која високите луѓе, во просек, се и побогати.

World-leaders-heights-gra-008[1]
За споредба.
Ниските луѓе не се баш амбициозни?

Според истражувањето на универзитетите Сент Ендрјуз и Стирлинг, ниските личности претпочитаат основање на семејство пред кариера, од што пак може да се заклучи дека се помалку амбициозни.

Деца, семејство, врски…

Високите имаат повеќе деца, но ниските мажи се подобри сопрузи и татковци. Според жените анкетирани во едно истражување, високите мажи се попожелни за флерт, а ниските се попривлечни за долги врски и брак.

140210114542-large[1]

- Реклама -