Најчесто се занимаваме со толкување на изразите на лицето, што би требало да значи нивната облека или насмевка, меѓутоа често забораваме на обувките кои се исто така важен дел од имиџот и говорат доста за мажите.
Еве неколку интересни детали според кои лесно ќе одлучите дали се исплати да излегувате со момчето кој ви се допаѓа.
Да речеме, мажите кои носат мокасинки знаат баш се за тоа што треба да се знае за задоволството и работата, шармантно ги комбинира едно со друго. Ваквиот заводник сигурно ќе направи се за да ве освои.
Елегантните чевли обично ги носат работни луѓе кои знаат што сакаат, но доколку со нив имаат аксесоари на себе, бидете сигурни дека се работи за личност со која би требало внимателно да си играте.
Патиките кои се тренди обично ги носат лукави играчи, па што се помодерни, толку си имате работа со полукаво момче на чии зборови и не треба многу да верувате.
Апостолки носат опуштени момци, смирени, кои не се интересираат многу за работите кои не им се важни во животот.
Секако, има и такви кои носат сандали, а за нив можете да бидете сигурни дека воопшто не ги интересира модата, но доколку ги носат со чорапи, свртете ја главата и продолжете понатаму.