Што го одолговлекува телефонскиот разговор Заев – Ципрас?

Во исчекување на телефонскиот разговор Заев – Ципрас со нови моменти кои би го закочиле преговарачкиот процес денеска повторно на својот фејсбук профил се огласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски повикувајќи се на свои извори.

Милошоски кој најпрвин излезе со информација дека премиерите денеска или утре ќе се сретнат во Преспа сега вели дека процесот е закочен бидејќи Грција доцна синоќа доставила нови два услови за пакетот.Како што пишува на профилот  меѓу новите барања е јазикот да не се пише како досега што беше во ОН туку да е заверен под латинично македонски без никаков превод. Второто барање е и менувањето на уставот на Македонија да не биде после испорачаната покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ, туку Македонија прво да организира референдум со позитивен исход истовремено да го смени уставот за потоа да очекува да биде поканета.

Од Владата денеска не сакаа да ги коментираат овие информации кои како што велат немаат официјален карактер и остануваат на веќе кажаното во изминатите денови. Сепак ова ниту го негираа ниту потврдија.

Статусите на пратеникот Милошовски беа и главна причина поради која опозициската Нова Демократија во Грција побара од Косијас објаснување од каде поранешниот министер за надворешни работи на Македонија поседува толку информации и зошто тие не се информирани. Во дописот кој тие јавно го испатија и до грчкото МНР но и до грчките медиуми се наведува

„Oд Нова демократија соопштуваат дека вчера во 17.45 побарале информации од Никос Коѕијас но очигледна цел на господата Ципрас и Коѕијас е да ги одведат земјата и граѓаните пред свршен чин. Уште еднаш го предупредуваме премиерот: не поседува политички легитимитет да ја обврзе земјата и ќе има комплетна лична одговорност ако се согласи за договор што ќе влијае врз  интересите на Грција“

Случувањата со преговорите покрај грчките медиуми како актуелна тема се најдоа и во европскиот печат. Весникот „Франкфуртер алге-мајне цајтунг“ во својата анализа исто така пишува дека спорот со името може да заврши како безимена несреќа која не е од корист ниту за Македонија ниту за Грција. Сепак како можна опција не го исклучуваат ниту  позитивното сценарио односно доколку се постигне согласност и ако се дојде брзо до договор Македонија може да добие покана за членство во НАТО на самитот во јуни, која ќе зависи од успешниот референдум.

Во меѓувреме пак во Грција по вчерашните протести во повеќе градови неофицијално веќе за на 8 јули се спремаат нови и тоа во главниот град на Грција Атина.

- Реклама -