Кога ние гледаме филмови, обрнуваме внимание на одредени сцени, кадри, детали, се фокусираме на различните актери и гледаме во одредени делови од екранот. Повеќето од нас се под влијание на она што режисерите всушност сакаат ние да видиме, па така лесно е да се привлече вниманието на сите филмомани. Но, што ако им го покажете истиот филм на компјутерите? Како тие ќе го гледаат филмот? Како им изгледаат филмовите на нив?
Бенџамин Гросер создаде пресметковен систем кој открива што гледаат компјутерите во филмовите. Тој направи софтвер користејќи се со визуелни алгоритми и рутини на вештачка интелигенција со цел да му даде еден степен на едукација на самиот систем, дозволувајќи му да одлучи што тој да гледа, а што не. Видот, визијата на компјутерот всушност иако е малку потешко да се разбере, се рефлектира во временски скици, а скицирањето е синхронизирано со аудио звукот на филмот.
“Гледачите на некој начин се испровоцирани да прашаат како визијата, односно самиот вид на компјутерот се разликува од човечкиот вид, човечкото око и што открива таа разлика за нашиот начин на гледање на филмовите. Зошто го гледаме она што го гледаме кога го гледаме?” – истакна Гросер.
Филмовите кои ги “гледал” компјутерот врз кој е извршено тестирањето на софтверот се: A Space Odyssey, American Beauty, Inception, Taxi Driver, The Matrix и Annie Hall.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk