Кога овој човек ќе помине низ улицата заедно со неговото куче, случајните минувачи често им упатуваат долги и збунети погледи.
Но не се тие виновни, бидејќи тоа што го прави тој за да го усреќи своето милениче повеќето не би го правеле. Келер, е кучето кое, иако е слепа и и недостига едниот екстремитет, сепак имала среќа да ја пронајде сопственик кој целосно ќе се посвети на тоа да и го направи животот што понормален.
Така, овој хуман човек кој најпрво ја возеше низ градот со помош на кајак прикачен за неговиот точак, подоцна креираше и посигурна приколка која има функција на малечок вагон.
Соседите толку многу ја засакале неразделната двојка, што дури и еден од нив им направил карикатура.
Во секој случај, луѓето кои би го посветиле своето време за да му помогнат на болно и повредено животно се ретки, и нивните дела заслужуваат само пофалби.