Што е ново во септемврискиот пакет со надградби на Microsoft?

Microsoft претстави 14 надградби во редовното месечно ажурирање на програмата Patch Tuesday, меѓу кои четири од нив се многу важни.

Од комапнијата соопштија дека ова ново ажурирање вклучува нови надградби за Microsoft Office, Windows, Internet Explorer и Windows Server. Тука се покриваат четири пропусти, кои се однесуваат на можноста за далечинско вградување на кодот, кое може да дозволи на непријателот да земе контрола над системот без разлика на знаењето на корисникот.

Половина од пачовите во ова ажурирање се насочени кон Office 2007 (Service Pack 3) и Office 2010 (Service Pack 1), додека пак Office 2013 не е погоден од предметните слабости.

Друг пакет со ажурирања е насочен кон производи, чија подршка ќе престане во пролетта следната година – Windows Server 2003 и Windows XP.

Прочитајте и:  „Ноутпад“ и „Пејнт“ добиваат нови ВИ-функции

Друго интересно нешто што може да се спомене се сите верзии на прелисувачот – од Internet Explorer 6 за Windows XP до Internet Explorer 10 за Windows 8 и RT. Значењето на ажурирањето на серверската верзија на прелистувачот е определена како “умерена”, но и кај неа треба да бидат наметнати пачови.

Сите овие ажурирања, ќе важат и за таблетите Surface Pro и Surface RT.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -