Што е боље: Секс на пијано или секс на џоинт?

weed

Сексот е дел од животот, исто како што е алкохолот дел од сексот. Ама со растот на популарноста на марихуаната, кој само се забрза по легализацијата во неколку значајни држави во светот, сé повеќе луѓе се соочуваат со важен избор: Океј, вечер ќе имам секс. Како е подобро да се подмачкам, со алкохол, или со џоинт? Научниците испитаа, за да не морате вие.

Во новата студија, истражувачите од New York University дојдоа до прилично интересни одговори околу пијаниот секс и сексот кога си хај, односно околу тоа кој од овие два ти нуди најмногу бенефити, истовремено намалувајќи ги ризиците од некои незгодни потфрлања.

Тимот регрутирал 24 њујорчани – 50/50 мажи и жени, на возраст од 18 до 35 години, кои зад себе имале сексуални искуства и во двете варијанти, па можеле да зборуваат за ефектите. Тоа што ова е мала испитна група и што истражувањето е спроведено преку темелни интервјуа, само покажува дека овие во продолжение не се некакви факти исклесани во камен (ни самите истражувачи немале намера да дојдат до такви, туку само да постават основа), ама тоа не значи дека не можеме малку да се забавуваме со нив.

1. Тревата не ти го спушта критериумот

Партиципантите признаваат дека и алкохолот и марихуаната дефинитивно го афектираат твојот избор на сексуален парнер, ама алкохолот е прилично подобар во тоа да има негативен ефект врз тоа со кого ќе завршиш во кревет и да направи да ти се допаѓа некој што вообичаено не би ти се допаѓал.

„Будењето до тотално различна личност“, односно разочарувањето кога прв пат на дневна светлина ќе видиш со кого „си играл домино“, е честа поплака и кај мажите и кај жените. Но кога се работи за марихуана, „генерално најголем дел од партиципантите не пријавиле пад во нивните стандарди при изборот на партнер, додека биле на марихуана“, за разлика од алкохолот. Некои од овие, сепак, признале дека додека биле хај, партнерите им изгледале поатрактивни.

Од друга страна, марихуаната не ја менува самоперцепцијата, како што тоа го прави алкохолот. На ова мислиме:

„Кога пијам… се чувствувам како најубавата на светот, како никој да не може ни да се спореди со мене. Едноставно сум крајно самоуверена“ (рандом девојка, 26).

2. „После е*ење, нема каење“, освен кога е на алкохол

И машките и женските партиципанти рекле дека пијаниот секс – или „мувањето со пијани женски“, како што опишал еден од испитаниците – често резултирал со каење. Делумно, тоа е резултат на намалувањето на сексуалните критериуми, а делумно, на некои прилично лоши одлуки во сексот, како таа да не се користи кондом, туку „да се вади на време“. И мажите и жените пријавиле дека каењето, срамот и посраменоста се чест дел од пијаниот секс – што е редок случај, барем според интервјуираните, кај марихуаната.

Научниците сметаат дека тоа се должи на фактот што алкохолот е многу поприсутен и поприфатен во општеството, па веројатноста дека ќе се легнеш со некој/а пијан/а кој не го познаваш е голема. Од друга страна, џоинт не се пуши баш со секого.

3. Пијаниот секс те сјебува физички, надуваниот секс – психички

Лошење, вртење, повраќање и онесвестување – сé се тоа често пријавени фејлови кога се работи за секс на пијано. „Еден од мажите пијави дека ненамерно заспал среде сексуалниот чин“, велат истражувачите.

Дел од испитаниците пријавиле несакани физички ефекти и за време на сексот под дејство на марихуана. Според истражувачите, еден од учесниците добро го сумирал истото што го заклучиле и научниците: „Ми се чини дека тревата ти влијае на мотивацијата, а алкохолот ти влијае на способноста“.

4. Чувството е боље кога си хај

Генерално, испитаниците ги опишале нивните тела како посензитивни кога се под дејство на марихуана. Кога се на алкохол, обично моќта на сензацијата и способноста да се чувствува е намалена.

Како што извести Кристофер Ингреам за The Washington Post, студијата покажува дека и мажите и жените имаат подолги и поинтензивин оргазми кога се под дејство на марихуана. Една од испитаничките рекла дека нејзините биле „барем петпати“ поинтензивни.

Пијаниот секс, од друга страна, трае подолго – ама пошто збориме за алкохол, во многу прилики тоа значи само продолжено страдање, дури и болка, кај женските испитанички. Сексот на марихуана, пак, понекогаш се чини подолг отколку што навистина е, главно заради „чувството дека времето успорува“ кога си хај.

5. Пијаниот секс води кон ризично однесување

Повеќето од партиципантите го оценуваат алкохолот како сексуално поризичен од марихуаната. Кога си пијан, сé може да помине, затоа што не си загрижен заради потенцијалните последици од моментот.

Меѓу ризичните моменти се тоа да не ти е гајле за кондоми, да не забележиш дека кондомот испаднал, или пак земање учество во пози и ситуации од кои пијан човек не излегува „жив“ – што најчесто резултира со онесвестување.

Поголем број од учесниците велат дека се чувствувале поспособни за добри одлуки и повеќе самоконтрола додека биле под дејство на марихуана, повеќе отколку кога биле пијани. Еден од испитаниците, на пример, вели дека паранојата од тревата го спречува да влетува во ризично однесување, кое сигурно би го испробал ако е пијан.

***

За потсетување, кога луѓето сведочат сами за себе, тоа е „шкаклив“ терен. Затоа, заклучоците овде не треба да се следат како света библија; плус марихуаната е нелегална во Македонија. Како и да е, научниците зад студијата се надеваат дека нешто ќе научиме од овие искуства, како и дека ќе има дополнителни и детални истражувања. Бидејќи, сепак, реалноста е дека многумина од нас имаат секс под дејство на марихуана и алкохол, а главната цел е да се намалат ризиците што е можно повеќе. Најглавната, се разбира, ако веќе сме искрени, е да имаме боље секс.

- Реклама -