Што добиваме со отстранувањето на споменикот Александар Македонски од скопскиот аеродром?

Промената на името на аеродромот и отстранување на сите симболи поврзани со претходното име, се очекува да финишираат со воведување авиолинија од Атина до Скопје. Таква најава имаше уште минатата есен.

Од утрово е празно местото каде што до вчера стоеше споменикот на Александар Велики, висок 1,5 метри, во средишниот дел на аеродромската зграда, неодамна преименувана во „Меѓународен аеродром Скопје“. Синоќа по 20 часот започнале активности за негова демонтажа, а како што објавија некои медиуми, потоа тој бил дислоциран од аеродромската зграда од страна на фирмата за превоз и транспортни услуги „Дуо Транспорт“.

Споменикот беше поставен таму во 2011 година, како подарок за Македонија од Мурат Орнекол, оперативен директор на концесионерот „ТАВ“, кој од 2010 година управува со аеродромот во главниот град на Македонија. Фотографиите од синоќешното демонтирање на споменикот наидоа на различни коментари на социјалните мрежи – од одобрување до реакции, па и до најави за блокирање на аеродромот од страна на некои т.н. патриотски организации.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa

Прв гостин Коѕијас?

Веста осамна и на насловните страници на грчките медиуми.

„БЈРМ: Статуата на Александар Македонски отстранета од аеродромот во Скопје“. Под овој наслов грчките медиуми речиси идентично ја објавија веста за дислоцирањето на споменикот од скопскиот аеродром, без дополнителни коментари. Само кусо нотираат дека овој потег следи по одлуката на македонската влада за преименување на аеродромот и автопатот, и неколку дена откако од аеродромската заграда е симнат натписот на старото име на аеродромот „Александар Велики“, како и по започнатото отстранување на сообраќајните табли од автопатот „Александар Македонски“, кој неодамна беше преименуван во „Пријателство“.

Целата статија прочитајте ја на www.dw.com.mk – Демонтажата на Александар ќе отвори авиолинија Атина-Скопје?

- Реклама -