Што добија македонските пејачки за 8-ми март? Маја најуникатна!

Како и секоја година интересно е да се пребара по социјалните мрежи, како нашата естрада го прослави празникот на жената.

Елена Ристеска реши да испрати една честитка, што ги освои симпатиите на социјалните мрежи. Остана да се прашуваме, кој и го подарил ова убаво цвеќе?

elena

„Секое цвеќе е убаво на свој начин, како и секоја жена. Не мора да се рози симбол на убавина… И кактусот е убаво цвеќе, за мене најубаво! Дами, среќен празник!“, напиша Елена на социјалните мрежи.

Викторија Лоба исто изрази почит кон празникот на дамите, со тоа што порача дека на овој ден никогаш не ја заборава својата мајка.

4viki.jpg500

Меѓу оние кои објавија слики од подароците се најде и Андријана Јаневска, која ни го стопли срцето со честитката од нејзините деца.

andrijana

Мојот најубав подарок за 8 Март, напиша Андријана Јаневска како опис на фотографијата.

А Маја?

Пејачката Маја Вукичевиќ добила марула. Таа објави слика на социјалните мрежи.

m

Од пиљарата каде пазарувам 25 години, ми подарија марула за 8-ми март. Фини луѓе, се грижат за моето здравје, напиша Маја под сликата.

 

- Реклама -