Што би смениле на сопственото тело?

Ги седнуваат големиве и ги прашуваат да изберат едно нешто што би го смениле на сопственото тело. Овие, одговараат: „сакам помало чело“, „имам големи уши“, „крива ми е ногата“, „би ги сменила лузните од породувањето“ и слично. Ги седнуваат децава и ги прашуваат истото. Одговорите се „сакам уста како на ајкула за да можам да јадам повеќе работи“, „би сакала да имам крила, за да летам“, „сакам да имам телепортација во телото“, „сакам екстра шпицести уши“ или „сакам да имам нозе како на чита, за да можам да трчам брзо како чита“.

Тоа што децава го знаат е дека си се таман какви и да се, и дека има поважни работи од тоа дали ти е крив носот. Тоа што возрасниве го заборавиле тоа, е малку заради серковците што ги сретнале во животот, и многу заради тоа што им дозволиле да им влезат во главата.

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца
- Реклама -