Што би било, кога би било?

Дали светот ќе беше поинаков ако не се случеа овие 10 убиства?

Следниве 10 атентати целосно го променија историскиот тек. Ако не се беа случиле, дали ќе дојдеше до Првата и Втората светска војна, војната во Виетнам или многуте граѓански војни?

Dzon-F-Kenedi-Romanovi-620x350

1. Убиството на Абрахам Линколн

Линколн се залагал за слобода и финансиска помош на Афроамериканците. Меѓутоа, поради неговата прерана смрт, слободата за црнците во Америка во тој момент не е овозможена.

2. Убиството на Мартин Лутер Кинг

Кинг е убиен во 1968 година додека стоел на тераса во својата хотелска соба. Кинг се борел да им овоможи на афро-американците право да гласаат на избори како и други граѓански права што им биле скратени.

Martin-Luter-King-drzi-svoj-cuveni-govor-Imam-san-u-Vasingtonu-1963

3. Јулиј Цезар

Цезар бил закана за демократските основи на римската република – односно неприлика за моќните сенатори кои уживале најголема власт. Токму тие сенатори го избоделе со нож Цезар 23 пати, што иронично, допринело кон брз крај на републичката власт во Рим. Убиството на Цезар довело до граѓанска војна која траела речиси 10 години и завршила со крунисување на Август – роднина на Цезар.

4.Убиството на јужновиетнамскиот претседател Нго Динх Дием

Убиството на Дием е клучен момент од виетнамската војна. Дием водел екстремно негативна политика против будистичките жители во оваа земја, што кулминирало во 1963 година со негово поробување и убиство. Диемовото убиство била шанса за земјите од северот да добијат контрола над јужниот дел. Америка одговори со испраќање на стотина илјади трупи и бомбардирање на земјата.

5.Убиството на египетскиот претседател Садат

Убиен е во 1981 година откако потпишал мировен договор со Израел, што го направило многу непопуларен во Египет. Го убива исламски екстремист, по што на власт доаѓа претседателот Мумбарк, кој не го ништи мировниот договор со Израел, но не се придржувал до замислите на Садит. Токму тој подоцна го пуштил на слобода тогашниот лидер на Ал-Каеда кој ги организираше нападите на кулите близначки во Њујорк.

6. Убиството на Филип II од Македонија

Филип го убива неговиот телохранител. Многу историчари веруваат дека телохранителот работел за син му на Филип, Александар чија што положба била доведена во прашање поради расправиите што ги имал со својот татко. Според некои историчари, дури кога татко му бил мртов, вратата на Александар била отворена.

7. Убиството на градоначалникот Антон Цермарк

Во 1933 година е убиен градоначалникот на Чикаго, Антоан Цермарк. Куршумот бил наменет за претседателот Рузвелт, но жена од публиката го забележала напаѓачот пред несреќата и со вресок предупредила на ситуацијата. Непрецизното испукување ја променило историјата.

8.Бруталното убиство на Романови

Во 1918 година Црвената Армија го убила цело семејство Романови кои биле закана во критичен момент на руската цивилна војна. Ако преживееле Романови, можеби и немало да се случи Студената војна, која траела се до 1991 година.

Russian_Imperial_Family_1911 - Copy

9. Убиството на Кенеди

Многумина веруваат дека не би дошло до Виетнамската војна никогаш ако било спречено убиството на Џон Ф. Кенеди во 1963 година. По неговото убиство, новиот претседател Џонсон ги испратил воените трупи во Виетнам и дошло до војната што предизвика смрт за 3,4 милиони луѓе.

Tan2015-9-7_142137441_7

Убиството на Франц Фердинанд

Фердинанд бил клучен фактор во мировните преговори помеѓу Австрија и Русија, а се верува дека не би дошло до Првата светска војна, доколку Фердинанд не бил убиен.

- Реклама -