Што ако им ги покачивте пензиите – народот сака овие да одат во затвоp

Професорот Љубомир Фрчкоски во синоќешната емисија „Топ Тема“ посочи дека иако власта со популизам сака да надомести за нивната неработа, тоа сепак кај граѓаните не поминува.

Кога одат од врата на врата, имаат партиска кампања од врата на врата, значи неверојатно ги одбиваат некаде да разговараат со нив. Затоа што вика што ако ми ја покачивте пензијата, ние очекувавме овие да одат во затвор.

Правдата е прва. Тоа за мене е добро и фино, така треба. Не сум очекувал дека во Македонија тоа ќе биде таква хиерархија. Но интересно е дека поради тоа целата приказна се концентрира на судот.

Судот сега е во супер спот ситуација каде што и оправдано и неоправдано трпи критики. Оправдано секако меѓутоа тука делумно и власта е виновна,вели Фрчкоски.

- Реклама -