Што ако Ф-16 за Украина полетуваат од аеродроми на НАТО? САД да се целосно свесни за рускиот одговор, предупредува Москва

Префрлањето борбени авиони Ф-16 во Украина ќе покрене прашања за вмешаноста на НАТО во конфликтот, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Украина нема инфраструктура за функционирање на Ф-16, ниту го има потребниот број пилоти и персонал за одржување“, рече Антонов во коментарот објавен на каналот Телеграм на амбасадата.

„Што ако американските борбени авиони полетаат од аеродромите на НАТО контролирани од странски ‘доброволци’?“, прашува Москва.

Во петокот, американскиот претседател Џо Бајден одобри програми за обука на украински борбени пилоти Ф-16, а украинскиот претседател Володимир Зеленски го увери Бајден дека авионите нема да се користат за напад на руска територија. Антонов нагласи дека секој украински удар на Крим ќе се смета за удар врз Русија.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

„Важно е САД да бидат целосно свесни за руски одговор“, додаде амбасадорот.

МИА

- Реклама -