Штипјанец во моментот кога решил дека ги напушта жената и децата, ја зел теглата во која што имало 40.000 евра и заминал од дома.
Како што пренесува штипската Тв Стар, тој за време на бегството од домот доживеал сообраќајка, па веднаш бил пренесен на клиничкиот центар во Штип.
Дури и за време на интервенцијата во болницата, Штипјанецот не се одвоил од своето богатсво, кое како што вели ги заработил со голема мака и штедење.
Овој човек се занимавал со продажба на овци и ориз, во текот на животот.