Штипјанец ќе се соочи со правдата за „убивање и мачење на животни“, погледнете што сторил.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.К. (72) од Штип, поради основано сомнение за сторени кривични дела “убивање и мачење животни”.

На 14. април 2025 година, во село Долно Трогерци, пријавениот двапати фрлил храна со отров, што резултирало со смрт на две кучиња во сопственост на Т.С.

Исто така, на 6. јули 2025 година, пријавениот со своето патничко возило усмртил куче.